Furkan Naci Top
26 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
ЛЕЗБОС (АА) - Група доброволци од различни хуманиртарни организации протестираше против условите во кампот Морија во кој ќе бидат сместени бегалците на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
На повикот од Движењето за единство против опасноста од фашизмот и расизмот (KERFA) се собраа скоро стотина доброволци во пристаништето на Лезбос и тргнаа кон центарот на градот.
Активистите се спротивставија на договорот помеѓу Европската унија (ЕУ) и Турција за враќањето на бегалците кои на илегален начин преку Егејското Море доаѓаат на грчките острови.
Демонстрантите пуштаа змаеви со натписите „Никој не е легален” а извикуваа и слогани „ЕУ засрами се”, како и „Не за границите, запрете ја релокацијата”.
Од друга страна, група бегалци и мигранти под полициска придружба се качени на траект и испратени во пристаништето Пиреј во близина на Атина.
Во согласност со договорот помеѓу Европската унија (ЕУ) и Турција, барателите на азил кои од 20-ти март илегално ќе се обидат да влезат во Европа ќе бидат вратени во Турција.
Според договорот за секој бегалец или барател на азил кој ќе биде вратен од Грција во Турција, еден Сиријец од Турција ќе биде сместен во ЕУ. На оние кои ќе се обидат илегално да влезат во Европа нема да им се овозможи сместување во некоја од земјите на ЕУ.