????? ????????
26 Октомври 2015•Ажурирај: 30 Октомври 2015
Заменикот на премиерот на Република Турција Нуман Куртулмуш денеска ја повика меѓународната заедница на воспоставување заедничко хуманистичко решение за актуелната бегалска криза, јавува Anadolu Agency (AA).
Куртулмуш говореќи во Исламабад на панел дискусија на тема “Миграциите и нивните општествено-економски ефекти” предложи оснивање основање на кровна организација во рамките на Обединетите нации која би трајни решенија за бегалската криза. "Постои потреба за кровна меѓународна организација која би ги решила проблемите на бегалците, а која би имала свои организациски и финансиски можности ", изјави Куртлмуш потсјетуваќки дека во светот моментално има околу 60 милиони раселени лица.
Тој исто така предложи основање на стамбени простории за бегалците кои ќе работат во рамките на локалната заедница, но и на поразличен начин од стандардните прифатни кампови. "Мораме да воспоставиме стамбен центар за бегалците каде тие ќе можат да живеат и да допринесуваат во земјите во кои престојуваат. Тоа не е само архитектонски проект туку и економски, кој е заснован на продукција. Ние сме спремни да го споделиме овој проект со светот за да можеме да го развиеме“ , истакна заменикот на турскиот премиер. Моментално, Турција е земја која прифати највеќе бегалци во светот, што вклучува околу два милиона државјани на Сирија.