Yusuf Hatip
07 Март 2016•Ажурирај: 07 Март 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Во самоубиствен напад во близина на локалниот суд во градот Чарсада во северниот дел на Пакистан, загинаа осум лица, додека 14 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинарот на АА од безбедносни извори, бомбашот-самоубиец при обидот да влезе во судот бил забележан од припадниците на безбедносните сили.
Меѓу загинатите има и двајца полицајци.
Повредените се хоспитализирани, а на местото на нападот се преземени зајакнати мерки на безбедност.