свет

Во Исламабад отворена канцеларија на Anadolu Agency (AA)

Амбасадорот Јурдакул истакна дека АА со отворањето на канцеларија во Исламабад со Пакистан ќе ги сподели богатите искуства и знаења во областа на новинарството.

Behlül Çetinkaya  | 12.03.2019 - Обновена : 13.03.2019
Во Исламабад отворена канцеларија на Anadolu Agency (AA)

ИСЛАМАБАД (AA) - Во рамките на градењето на глобална мрежа, турската новинска агенција Anadolu Agency (AA) денес отвори канцеларија во Исламабад, главниот град на Пакистан.

На свеченото отворање на канцеларијата присуствуваше министерот за информирање на Пакистан Фавад Чаудри, амбасадорот на Турција во Исламабад Ихсан Мустафа Јурдакул, заменик генералниот директор и главниот и одговорен уредник на Anadolu Agency (AA) Метин Мутаноглу, заменик генералниот директор на АА, Мустафа Озкаја и голем број новинари и други поканети гости.

Во обраќањето кон присутните, министерот Чаудри истакна дека Пакистан и Турција имаат силни пријателски врски втемелени длабоко во историјата, додавајќи дека и отворањето на канцеларијата на Anadolu Agency во Исламабад исто така е важен настан со цел јакнење на односите на двете земји.

„Во последно време неколку меѓународни новински агенции, како што е Anadolu Agency, отворија канцеларии во Пакистан. Во нашата земја очекуваме уште повеќе меѓународни медиумски куќи и турски компании", рече пакистанскиот министер Чаудри.

Амбасадорот Јурдакул истакна дека АА со отворањето на канцеларија во Исламабад со Пакистан ќе ги сподели богатите искуства и знаења во областа на новинарството.

„АА со своите вести на целиот свет ќе му го покаже потенцијалот кој Пакистан сигурно го поседува", рече Јурдакул.

Озкаја во обраќањето истакна дека АА е една од водечките светски новински агенции, додавајќи дека со своето искуство од 99 години претставува доверлив извор на вести и други информативни содржини за претплатниците ширум светот.

„Нашата цел не е само да произведуваме вести за случувањата во регионот, туку и на светот да му го претставиме гостопримството и убавините на Пакистан како и дека се работи за сигурна држава за да што повеќе туристи ја посетат оваа земја", рече Озкаја.

По пригодните обраќања, со сечење лента отворена е канцеларијата на Anadolu Agency, а потоа присутните имаа можност да погледнат краток видео запис за работата и активностите на оваа новинска агенција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.