İlhan Toprak
01 Март 2017•Ажурирај: 01 Март 2017
ИСЛАМАБАД (АА) – Започна 13. Самит на лидерите на Организацијата за економска соработка (ЕКО), која се одржува во главниот град на Пакистан, Исламабад, јавува Anadolu Agency (AA).
На отвoрањето на самитот, лидерите, меѓу кои и турскиот претседател Ердоган, направија заедничка фотографија.
Воведниот говор на самитот го одржа претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, кој му го предаде претседателството со ЕКО на Пакистан. По претседателот Алијев, на учесниците на самитот им се обрати претседателот на Пакистан, Наваз Шариф.