Besar Ademi
31 Август 2016•Ажурирај: 31 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) Лидерите на четирите најголеми партии во Македонија, во согласност со политичкиот договор постигнат во 20 Јули оваа година, денеска попладе се состанаа во Клубот на пратеници во Скопје каде треба да оценат дали се исполнети условите за одржување на фер и демократски избори на 11 декември 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, кој порано ја напушти средбата изјави дека неговата партија го прифаќа предлогот на опозициската СДСМ за назначување на главен уредник на јавниот медиумски сервис на Македонија.
Но, според него, овој предлог на македонската опозиција покажува дека на оваа партија му недостасува политичка волја за решавање на кризата, затоа што, како што рече тој, лицето предложено за главен уредник е назначено политички.
Груевски истакна дека прифатил секој предлог за да се одржат предвремените парламентарни избори во договорениот датум и дека сега останува да се договорат другите три политички парти кои треба да го комплетират ад-хок телото кое ќе ги мониторира медиумите до предвидените избори. Тој ја напушти преговарачката маса и рече дека ќе се врати само да потпише ако другите партии постигнат договор.
На срдбата учествуваат лидерот на ДУИ Али Ахмети, Мендух Тачи од ДПА, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на СДСМ Зоран Заев, како и посредниците на Пржинскиот Договор, амбасадорот на САД, Џес Бејли и еден претставник од делегацијата на ЕУ во Македонија.
Доколку лидерите на најголемите партии постигнаат договор, изборите треба да се одржат на 11 декември и 100 дена пред изборите треба да се состави новата преодна влада во во која ќе има и претставници од опозицијата.
Во преодната влада опозицијата треба да ги добие позициите во секторите на минстерствата за внатрешните работи и труд и социална политика, како и доплнителните заменици министри за финансии, информатичко општество и администрација и земјоделство. Сто дена пред изборите опозицијата треба да назначи главен уредник и нов одговорен уредник во јавниот медиумски сервис на Македонија (Македонска радио-телевизија).
Во меѓувреме, денеска се очекува и да се комплетирата составувањето на ад-хок телото којшто ќе ги мониторира медиумите до изборите.
Претходно Државната изборна комисија (ДИК) го прочисти избирачкиот список.