Amina Zorniç
04 Февруари 2016•Ажурирај: 05 Февруари 2016
ИСЛАМАБАД (AA) - Во речиси 18 илјади печки и фабрики за тули во Пакистан вработени се повеќе милиони жители од сите возрасти на кои единственото ветување им е слободата. Некои од нив сонувале да станат учители, полицајци и лекари, но таквите соништа се далеку од ропството во кое западнале, пишува Anadolu Agency (AA).
Аднан Мохамад (24) е еден од пакистанските момчиња кои речиси 14 часови, од утро до мрак, работат за пет долари, во печка за керамиди работи на правење и обликување на тули или носење и ископување на глина.
Најтешко е, како што вели, во текот на летото, кога тепмературата на воздухот ќе порасне толку да глината почнува да се топи на дланките од каде тешко се остранува.
Во неговата смена се вработени неколку стотици негови сограѓани, мажи, деца и жени од сите делови на Пакистан кои го запоставиле своето образование поради корка леб.
Повеќе од 10 милиони жители на Пакистан во таа земја се вработени во секторот за правење тули. Од таа бројка околу два милиони деца се принудени да работат дневно без основните човекови права, право на образование и социјална сигурност.
Раководството во речките и фабриките на цигли дава кредити на работниците кои се задолжуваат, преносејќи ги тие долгови од генерација на генерација. Таквата пракса за отплата на долгови е распространета и покрај тоа што ропството е забрането од 1992 година.
Индија е трета земја во светот на листана на земјите со системот на "модерно ропство" кое подразбира експлоатација на ефтина работна сила.
Покрај тоа, повеќе од 21 отсто Пакистанци од речиси 180 милиони жители живеат под границата на сиромаштвото.