Atila Altuntaş
02 Февруари 2016•Ажурирај: 05 Февруари 2016
СТОКХОЛМ (AA) – Шведската министерка за труд Јива Јохансон тврди дека на оваа скандинавска земја, нужно и е потребна мигрантската работна сила, но дека имигрантите мораат да се придржуваат до неопходните мерки во процесот на добивање азил, јавува Anadolu Agency (AA).
Во разговор со новинарот на АА, Јохансон нагласи дека Шведска има проблем со недостатокот на работна сила и дека бегалците би можеле да бидат решение на овој проблем.
„Секако нас ни е потребна мигрантската работа сила. Мигрантите го зголемуваат бројот на населението, а зголемување на популацијата значи и развој на Шведска. Од друга страна, мигрантите мораат да ги исполнуваат условите и да се придржуваат до мерките за добивање азил. Без тие услови мораме да им ги покажеме излезните врати" , рече министерката Јохансон и потсети дека Шведска неодамна донесе одлука за депортација на 80.000 мигранти кои не ги исполнуваат потребните услови за останување во оваа земја.
Осврнувајќи се на процесот на интеграција на бегалците во шведското општество, Јохансон рече дека во тој поглед клучна улога имаат два програми на владата и тоа организирање на брзи курсеви за учење на шведскиот јазик и мобилна апликација со посредство на која се врши увид во стручната спремност на мигрантите и на тој начин се упатуваат на прецизни адреси со цел да пронајдат вработување и да бидат корисни членови на општеството.
Јохансон нагласи дека на шведскиот пазар највеќе недостасуваат готвачи, лекари, месари и медицински сестри.
Шведскиот министер за внатрешни работи Андерс Јагмен неодамна соопшти дека во Канцеларијата за работа со странци и полицијата добиле известување за депортација на 80.000 мигранти од таа земја.