Admir Fazlagic
19 Мај 2018•Ажурирај: 19 Мај 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во Клубот на пратениците во Скопје започна лидерска средба, која се одржува на иницијатива на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, на која, како што е најавено, ќе информира за деталите од преговорите за спорот околу името помеѓу Македонија и Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
На денешната средба, иницирана од премиерот Заев, присуствуваат претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски интеграции, Бујар Османи, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
Потсетуваме, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, по одржаната средба со неговиот грчки колега Алексис Цирпас во четвртокот во бугарскиот главен град Софија, истакна дека Македонија и Грција имаат опција, која и за двете страни може да биде прифатлива во однос на решението околу спорот за името.