Ivana Ramadanova
21 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) Средбата на македонските политички лидери и претставниците на меѓународната заедница, која требаше да се одржи утре во Виена, е откажана. Портпаролот на Европската комисија Маја Коцијанчиќ денеска од автрискиот главен град соопшти дека нема да има политички разговори меѓу ривалските политички партии од Македонија, бидејќи условите не се исполнети, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за АА, изјави дека нема да присуствува на средбата се додека не биде повлечена амнестијата и не биде пролонгиран датумот за одржување на изборите. Странските амбасадори ова му го соопштија пред два дена и на претседтелот Ѓорѓе Иванов.
Од канцеларијата на ЕУ комесарот за проширување Јоханес Хан попладнево за странските медиуми потврдија дека е откажан состанокот во Виена на кој требаше да се разговара за излез од македонската криза, додавајќи дека и тоа е последица од „прекршувањето на Договорот од Пржино“.
Од ЕУ велат дека „остануваат на располагање“ да им помогнат на партиите и сега и во иднина, но дека одговорноста да се обезбеди демократскиот напредок и да се направи исчекор на евро-атлантскиот пат сега останува на самите партии, од името на граѓаните на нивната сопствена земја.