AP
19 Ноември 2015•Ажурирај: 21 Ноември 2015
ВИЕНА (АА) – Австрискиот канцелар Вернер Фајман изјави дека по терористичките напади во Париз треба да се зајакне контролата за влез на мигрантите во земјата, но дека затворањето на границите не доаѓа предвид, јавува Anadolu Agency (АА).
Утринава пред средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, Фејман за германските медиуми изјави дека затворањето на границите ќе значи "крај на Шенгенот и европската идеја"Според него, во моменттот е најважно да се стави крај на на насилството во Сирија, кое е главната причина за приливот на луѓе во Европа од тој дел на светот.
Тој смета дека е потребно да се подобрат условите за престој на бегалци во Турција, како и мерките за нивна регистрација во Грција.
"Проблемот не може да се реши на австриската или германската граница. Неопходно е и европските земји по терористичките напади во Париз да ја подобрат размената на разузнавачки информации ", рече Фејман.
Мигранти од Африка и Азија во почетокот од Унгарија пристигнуваа во Австрија. Откако оваа земја ги затвори границите со Србија и Хрватска, бегалци ја променија својата рута, така што во Австрија сега доаѓаат од Словенија.