Hasan Tosun
06 Јуни 2016•Ажурирај: 07 Јуни 2016
ВИЕНА (АА) - Борците за човекови права, Удо Фелизетер и Нико Швендигер поставија клавири на виенскиот плоштад „Museumsquartier” и на специфичен начин пратија поддршка на мигрантите и ја осудија антимигрантската политика на австриската влада, јавува Anadolu Agency (AA).
„Јавниот клавир” е назив за акцијата на споменатите активисти, кои ги поставија клавиририте кај споменикот кој претходно беше подигнат во знак на сеќавање на нигерскиот мигрант, Маркус Омофуми, кој почина за време на депортација во 1999 година кога на патот кон Бугарија се загуши во авионот поради залепена трака преку устата.
Бројните минувачи пријдоа и свиреа на клавирот, а стотина други се собраа со цел да пружат поддршка на организаторите на акцијата.
„Нашите клавири се достапни на сите минувачи и сите имаат прилика да свираат или слушаат музика.Сметаме дека сите го сакаат овој инструмент, а музиката е универзален јазик и затоа се одлучивме на ваков начин да ги обединиме луѓето во порака на поддршка на мигрантите ”, изјави за АА еден од организаторите на акцијата Фелизетер.
Истакнувајќи дека се противи на антимигрантската политика и заострување на контролата на границите, Фелизетер изјави дека сите луѓе имаат право на достоинство и дека европските земји со малку повеќе волја можат да го решат проблемот на бегалската криза.
На плоштадот е поставен и транспарент „ Расизмот е мртов” , а активистите ги информираат заинтересираните за актуелната ситуација во која се наоѓаат бегалците протерани со војната и сиромаштвото на зафатените земји.