Ekipa
06 Јуни 2016•Ажурирај: 07 Јуни 2016
ВАРШАВА (АА) - Денеска во Полска започнува најголемата воена вежба на НАТО во историјата на постоењето на Сојузот под име „Анакода“, пренесува Anadolu Agency (AA).
На оваа вежба планирано е учество на 31.000 војници од Полска, САД и уште 17 земји-членки на НАТО и пет НАТО земји-партнери.
Оваа најголем вежба на НАТО која е досега одржана следи неколку недели по клучниот Самит на НАТО во Варшава, каде е договорено засилување на присуството на НАТО сили и опрема во Полска и останатите прибалтички земји „особено загрижени поради вооружените конфликти во Украина, каде Москва ги поддржува сепаратистите“.
„Анакода“, која вклучува обемна воена техника и бродови, ќе трае до 16 јуни, кога ќе бидат тестирани кооперациските способности на командите и трупите во одговор на воени, хемиски и сајбер закани.