Ali Cura
06 Јуни 2016•Ажурирај: 07 Јуни 2016
КИЕВ (АА) - Потпаролот на разузнавачката служба за безбедност на Украина (SBU), Василиј Гритсак, одржа прес-конференција на која изјави дека SBU добиле информации дека на претстојното Европско фудбалко првенство во Франција ЕУРО 2016, кое ќе се одржи од 10-ти јуни до 10-ти јули, било планирано да се изведат 15 терористички напади, пренесува Anadolu Agency (AA).
По шестмесечнa внмателна работа на службите, на 21-ви мај притворено е лице, француски државјанин, кое поседувало бомби и муниција кои требало да бидат употребени во напади во Франција. Не се наведува името на притворениот, но се вели дека станува збор за лице со „ултранационалистички ставови“.
Француските власти особено внимание посветуваат на безбедносниот аспект во моментов, кога ги сведуваат кон крај подготовките за Европското првенство во фудбал ЕУРО 2106, кое ќе се одржи од 10-ти јуни до 10-ти јули. Франција за потребите на натпреварувњето ќе ангажира 90.000 припадници на безбедносните служби.
„Разузнавачката служба за безбедност на Украина успеа да ги спречи планираните 15 напади, пред и за време на претстојното Европско фудбалко првенство во Франција кое треба да започне на 10-ти јуни", изјави потпаролот Гритсак и додаде дека цел на нападите биле џамии, синагоги, даночни служби и контролни точки на автопатиштата.