Ekip
11 Април 2017•Ажурирај: 12 Април 2017
КИЕВ (АА) - По повод одбележувањето на Велигден, еден од најголемите празници на православните христијани, во храмот „Света Софија" во Киев, главниот град на Украина, почнаа подготовките за боење на јајцата, јавува Anadolu Agency (AA).
Како најголем симбол на овој христијански празник, се смета вапцаното јајце.Традиционално пред Велигден во секој дом се вапсуваат јајца кои го симболизираат почетокот на нов живот. Христијаните го сметаат како еден од најубавите и највеселите обичаи кој се негува до ден денес.
Инаку, оваа година празикот Велигден ќе биде одбележан на 16. април, во недела.