Hakan Ceyhan Aydoğan
11 Април 2017•Ажурирај: 12 Април 2017
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека ќе бара од ОН да покренат опсежна истрага за нападот со хемиско оружје во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин во Москва се состана со италијанскиот колега Серџо Матарела.
Рускиот претседател, нападот на силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад извршен со хемиско оружје минатата недела на Кан Шајхун го нарече провокација, и изјави дека ќе ги повика ОН на опсежна истрага.
„Ќе ги повикаме ОН во Хаг и меѓународната заедница да ја истражат употребата на хемиските материи и да донесат одлука за тоа” , изјави Путин.
Рускиот претседател изјави дека добиле информации за користење на хемиски материи во јужниот дел на Дамаск и дека за тоа ќе биде обвинет режимот.
Матарела изјави дека е недопустливо користењето на хемиско оружје во Сирија.
Тој, пред состанокот со рускиот колега, се сретна со рускиот премиер, Дмитри Медведев.
Во нападот со сарин извршен на 4. април во Кан Шајхун загинаа повеќе од 100 цивили, а над 500 почуствуваа последици од вдишувањето на отровниот гас.