Ali Cura
08 Јуни 2017•Ажурирај: 09 Јуни 2017
КИЕВ (АА) - Во Киев, главниот град на Украина, изведен е бомбашки напад врз кампусот на американската амбасада, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека експлозијата во кампусот се случила по полноќ, а нападот го извршило засега непознато лице, фрлајќи ја бомбата во кампусот.
Портпаролката на полицијата, Оксана Блишчик, преку профилот на социјалната мрежа даде објаснување за настанот, кој го окарактеризира како „терористички акт“.
Портпаролката Блишчик истакна дека во нападот нема загинати ниту повредени.
Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи изјави дека Украинската служба за безбедност (СБУ) соработува со членовите за безбедност на амбасадата на САД, испитувајќи ги видео-снимките со цел да биде пронајдено лицето кое ја фрлило бомбата.