Sayed Khodaberdi Sadat
08 Јуни 2017•Ажурирај: 08 Јуни 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку 10 припадници на терористичката организација ДЕАШ се неутрализирани во акција на авганистанските безбедносни сили во источната покраина Нангархар, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од полицијата во Нангархар се наведува дека безбедносните сили извршиле воздушна и копнена акција во селата Нагуси и Чинар, кои се под контрола на терористите на ДЕАШ.
Нагласено е дека во акцијата се убиени најмалку 10 терористи на ДЕАШ, а меѓу нив има и странски државјани.
За време на акцијата не е нанесена каква било штета на цивилите од овие села.