Diyar Güldoğan
19 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
КИЕВ (АА) - Пет украински војници се убиени, а шестмина се повредени, во новиот напад на проруските сепаратисти во источниот дел на Украина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за медиуми при украинската антитерористичка дивизија соопшти дека нападот се случил денес во Свитлодарск, во Доњецк, каде што проруските сепаратисти извршиле напад со хаубици и тешко вооружување.
Во соопштението се наведува дека загинале и 20 проруски сепаратисти, и дека 30 се повредени.
Москва официјално го анектираше Крим во март 2014 година, иако Генералното собрание на ОН речиси едногласно ја прогласи руската анексија за илегална.
САД, ЕУ, Турција и другите земји на ОН не го признаваат Крим како руска територија.
Според податоците на ОН, во судирите меѓу силите на украинската Влада и проруските сепаратисти се убиени околу 9.700 лица.