Handan Kazancı
19 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
АЛЕПО (АА) - Рано утринава е продолжена евакуацијата на цивилите од источниот дел на сирискиот град Алепо, додека околу 500 цивили пристигнуваат во западниот дел на градот којшто го контролира опозицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за имплементирање на договорот постигнат минатата недела помеѓу режимските и опозициските сили, со подредство на Турција и Русија
Договорот подразбира евакуација на околу 20.000 цивили и борци од источниот дел на Алепо.
Исто така, евакуација на цивилите ќе биде објавена и во градовите Мадаја и Ал Забадани, што вклучува 1.500 лица, како и во градовите, Шија, Ал Фуа и Кефраја, каде што има 15.000 жители.
Вчера претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и неговиот руски колега Владимир Путин, телефонски разговараа за евакуацијата на цивилите од Алепо, соопштија извори блиски на турскиот претседател.
Минатата недела, опозициските сили во источен Алепо постигнаа примирје со силите лојални на режимот на Башар ал Асад, во рамките на кое ќе бидат евакуирани цивилите од овој град.
Оттогаш, околу 7.500 цивили го напуштија Алепо кон безбедносните зони во Идлиб, сместен недалеку од границата со Турција, која што подготви сместување, хуманитарна и медицинска помош за над десет илјади лица во сирискиот Идлиб и пограничниот турски град Хатај.
Изминатите недели зачестија извештаите од Алепо за масакрите над цивилите во тој сириски град.
Обединетите нации и западните сили ги повикаа Москва и Дамаск да обезбедат безбедна евакуација на цивилите и борците на опозицијата.