Mohamad Misto,Ayşe Aktaş
18 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
АЛЕПО (АА) – Во источниот дел на Алепо, кој е под опсада на силите на сирискиот режим и терористичките групи, секој миг се доживува различна драма, јавува Aandolu Agency (AA).
Активистот Махмуд Рашвани сподели снимка на социјалните мрежи на која се гледа како едно бебе го започнува својот живот во тие сурови услови, каде што секојдневно десетици цивили се убивани од страна на режимот и неговите приврзаници.
Во овој регион нема болници што даваат услуги, затоа што се цел на режимските напади.
Видеото на Махмуд Рашвани, што го снимил на 12. декември, покажува како еден доктор породува жена со царски рез користејќи ги последните медицински ресурси во подрумот на една болница, каде што се евакуирани пациентите поради бомбардирањето.
„Алепо е сè уште под опсада. Кај нас дојде жена која[to требаше да се породи со царски рез. Бидејќи не можевме да ја евакуираме, докторот ја направи операцијата со помош на акушер и последните преостанати медицински ресурси. Бебето се роди, операцијата е завршена, но бебето е со мана. Детето и мајката треба да се евакуираат за да ја добијат соодветната терапија, меѓутоа ние не можеме да направиме ништо во врска со тоа“, стои во видеото на Рашвани.