Selçuk Acar
19 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Жителите на Њујорк на Меѓународниот ден на мигрантите одржаа демонстранции против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој за време на изборната кампања неретко ги истакнувањше своите антимигрантски ставови, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите се собраа во паркот Даг Хамаршелд, кој се наоѓа во близина на институциите на ОН и одржаа протестен марш до Петата авенија, каде што се наоѓа Трамп Тауер.
Тие ги извикуваа слоганите „Њујорк го одбива непријателството“, „Во име на човечноста, не ја прифаќаме фашистичка Америка“, „Да ги одржиме семејствата заедно“, „Сакаме правда. Кога? Сега“, „Доколку народот се обедини, никогаш не може да биде победен“, и многу други.
На протестите се придружија голем број граѓани, претставници на невладините организации и власти, а меѓу нив и претседателката на собранието на Њујорк, Мелиса Марк-Виверито, и претставничката на демократите во Конгресот, Нидиа Веласкес.
„Ќе излеземе на улиците за да се спротивставиме на она што сакаат да го направат. Ова е само почеток“, изјави Марк-Виверито и додаде дека мигрантите се загрижени.
Според нејзините зборови, мигрантите се чувствуваат дека се под закана на идната администрација на Трамп.
„Ќе се бориме против погрешните нацрт-закони против мигрантите“, изјави Веласкес.