Ekipa
19 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
АЛЕПО (АА) - Сиријката Бана ел-Абед (7) од Алепо, која преку социјалните мрежи зборуваше за масакрот во Алепо, и нејзиното семејство беа евакуирани и префрлени во безбедна зона, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарите на АА дознаваат дека Бана и нејзиното семејство утрово со автобус тргнале од Алепо и пристигнале во Идлиб.
Девојчето Бана и нејзината мајка Фатима, професор по англиски јазик, живеја во источниот дел на Алепо. Пред три месеци тие отворија профил на социјалната мрежа Твитер, преку кој бараа да се направи нешто за да се стави крај на масакрот во Алепо.
Фатима испрати порака до турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и побара помош. Турскиот министер во одговорот вети дека ќе бидат евакуирани семејството на Бана и другите цивили под опсада.
Мајката и ќерката имаат повеќе од 320.000 следбеници на социјалната мрежа.
Тие во утринските часови тргнаа со конвој од Фуа и Кефреја, а превозот на цивили продолжи од источниот дела на Алепо до Идлиб.