Mohamed Sabry Emam Muhammed
19 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
АМАН (АА) - Јорданските безбедносни сили неутрализираа четворица напаѓачи по жестоката престрелка во којашто вчера загинаа десет лица од јужниот јеменски град Карак, јавува Anadolu Agency (AA).
Во официјалното соопштение се вели дека е завршена безбедносната операција во Ал Карак, на 120 километри јужно од главниот град Аман.
Јорданските власти соопштија дека група терористички злосторници се засолниле во античкиот замок во Ал Карак откако отвориле оган врз безбедносните сили и минувачите.
„Безбедносните сили успеаја да ги натераат да излезат од засолништето и ги неутрализираа“, се вели во соопштението.
Според соопштението, биле запленети големи количини на експлозив, оружје и самоубиствени појаси во скривалиште што било користено од страна на напаѓачите.
Јорданските безбедносни власти соопштија дека 10 лица, вклучувајќи и еден канадски турист загинаа во престрелката меѓу милитантите и силите за безбедност.
Повредени се најмалку 34 лица, меѓу кои 15 припадници на безбедносните сили.
Јордан е членка на коалицијата предводена од САД којашто бомбардира позиции на терористичката група ДЕАШ во Сирија и во Ирак.