Diyar Güldoğan
19 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Русија соопшти дека рано утринава, во авионска несреќа што се случила во руската Република Саха (Јакутија), повредени се 16 од вкупно 39 лица што се превезувале во авионот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сите патници и членови на екипажот се живи“, се вели во соопштението од министерството, цитирано од страна на официјалната новинска агенција Тас.
Од вкупно 39 лица што се превезувале во авионот, 32 биле патници, а 7 членови на екипажот.
Од министерството се соопштува дека инцидентот се случил утринава, во 4:45 по локално време, на 30 километри од аеродромот „Тикси“.
Исто така, во соопштението се вели декa повредените се пренесени во околните болници.
Се додава дека е започната истрага за несреќата.