свет

Во Русија затворено здружение блиско до терористичката организација ПКК/ЈПГ

„Здружението е затворено поради своите политички активности. Тоа е против нивниот статут и законите на граѓанското општество на Русија“

Dmitri Chirciu  | 22.11.2019 - Обновена : 23.11.2019
Во Русија затворено здружение блиско до терористичката организација ПКК/ЈПГ

МОСКВА (АА) - Рускиот суд го затвори здружението „Беритан“, кое наводно ги брани правата на курдските жени, и е блиско до терористичката организација ПКК/ЈПГ, со образложение дека е ангажирано во политички активности, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според прес-службата на Врховниот суд на Република Адигеја поврзана со Русија, стопирани се активностите на здружението „Беритан“ блиско со терористичката организација ПКК/ЈПГ.

„Здружението е затворено поради своите политички активности. Тоа е против нивниот статут и законите на граѓанското општество на Русија“, се нагласува во соопштението.

Исто така, соопштено е дека претставниците на Здружението учествуваат во активностите на Курдската демократска партија во Ирак и даваат политички изјави за Турција.

Здружението „Беритан“ е основано во 2015 година во регионот Белоје, Република Адигеја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.