Elena Teslova
18 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
МОСКВА (АА) - Вкупниот број на случаи на коронавирусот Ковид-19 во Русија се искачи на 36.793, што е резултат на 4.785 нови случаи откриени во текот на изминатите 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во текот на изминатите 24 часа во земјата починаа најмалку 40 лица, со што бројот на починати се зголеми на 313“, соопштија од тимот за вонредна состојба.
Вкупно 3.057 луѓе го победија вирусот и се отпуштени од болниците.
Новиот вид коронавирус се рашири во 200 земји и региони откако за првпат се појави во Кина минатиот декември, а САД и Европа сега се најтешко погодените земји.
Во светот се регистрирани вкупно над 2,25 милиони случаи на вирусот, билансот на смртни случаи е над 154.200 и речиси 570.700 излекувани, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.