Islam Uddin
18 Април 2020•Ажурирај: 19 Април 2020
АНКАРА (АА) - Кина потврди нови случаи на коронавирусот Ковид-19, помалку од 30, втор ден по ред, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според кинеската Национална комисија за здравство, во континетална Кина биле регистрирани 27 нови случаи, од кои 17 патници од странство.
Од Комисијата се истакнува дека во централната покраина Хубеи, првичниот епицентар на вирусот, не се пријавени нови случаи на Ковид-19, ниту пак смртни случаи.
Претходниот ден Кина пријави 26 нови случаи.
Податоците на Националната комисија за здравство покажаа дека увезените случаи во континентална Кина се искачиле до 1.566, без смртни случаи досега. Од болниците отпуштени се 709 излекувани пациенти.
Од појавата на вирусот, во Кина има вкупно 82.719 регистрирани случаи со вирусот Ковид-19, 4.632 лица починаа, додека 77.029 пациенти ја добија битката со вирусот и се отпуштени од болниците.
Според Комисијата, Хонгконг досега има пријавено 1.021 случаи и 4 смртни случаи, Тајван има 395 случаи и 6 смртни случаи, а Макао пријави 45 случаи.
До денес, во Хонгконг од коронавирусот оздравеле вкупно 532 лица, 166 во Тајван и 17 во Макао.
- Јужна Кореја -
„Јужна Кореја потврди 18 нови случаи на Ковид-19, што претставува најмал број на нови случаи на дневна основа од 20 февруари“, објавија денес локалните медиуми.
Новинската агенција „Јонхап“ пренесе дека досега во Јужна Кореја има 10.653 случаи на коронавирусот Ковид-19, 232 смртни случаи, додека 7.937 пациенти закрепнале и се отпуштени од болниците.