ИСТАНБУЛ - Потпретседателот на Турција, Фуат Октај, изјави дека Турција во Идлиб од една страна повеќекратно возвраќа на нападите кои за цел ги имаат храбрите турски војници, а од друга страна по дипломатски пат е во потрага по политичко решение на кризата во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Од самиот почеток на кризата досега, Турција никогаш не била од страната на судирите, војната или насилството. Наша единствена цел е давање придонес за воспоставување безбедна, мирна и просперитетна иднина за нас и за нашите сириски браќа. Веруваме дека договорот постигнат во Москва ќе придонесе за мир и спокој“, нагласи Октај.
Во Конгресниот центар на Палатата на османлискиот архив, каде што во рамките на Меѓународниот биотехнолошки конгрес беше организирана свеченост за доделувањето на БИО Турција, свое излагање имаше потпретседателот на Турција, Фуат Октај.
Тој истакна дека покрај своите чекори на полето на националната технологија, дигиталната трансформација, национализацијата на одбранбената индустрија и националната биотехнолошка борба, Турција води напорна борба против хуманитарните кризи во регионот.
Потпретседателот истакна дека Турција самостојно минува низ процес во кој самата се справува со товарот на решавање на постоечките човечки кризи во регионот и обезбедување на стабилноста на границите, додавајќи дека ниту меѓународната заедница, ниту од земјите со кои се постигнати меѓусебни договори, не ја добиле потребната поддршка, факт што отворено и транспарентно се случува пред јавноста.
Октај, изјавувајќи дека Турција повторно самостојно, под лидерство на претседателот Реџеп Таип Ердоган се обидува да спречи 1 милион цивили, колку што досега се убиени во Сирија, да се зголемат за уште толку.
„Турција во Идлиб од една страна повеќекратно возвраќа на нападите кои за цел ги имаат храбрите турски војници, а од друга страна по дипломатски пат е во потрага по политичко решение на кризата во Сирија. Од самиот почеток на кризата досега, Турција никогаш не била од страната на судирите, војната или насилството. Наша единствена цел е давање придонес за воспоставување безбедна, мирна и просперитетна иднина за нас и за нашите сириски браќа. Во основата на постигнатиот договор во Москва при посетата на Русија од страна на претседателот Ердоган стои тој пристап. Веруваме дека договорот постигнат во Москва ќе придонесе за мир и спокој. Очекуваме сите страни да ги исполнат своите обврски. Доколку во регионот продолжи да се пролева крв, тогаш, без двоумење, многу поодлучно од кога било претходно, ќе тргнеме против сторителите.“
Зборувајќи за биотехнолошката индустрија во Турција, Октај истакна дека инвестициите во тој сектор нема само да ја спасат Турција од зависноста од другите, туку во исто време Турција ќе ја направат глобален извезувач. „Фала му на Бога, имаме извори, работна сила и способност сето тоа да го направиме во исто време. Биотехнолошките лекови кои имаат многу поголема вредност од хемиските лекови, во секој поглед можат да бидат значаен дел од идеалот за независна Турција“, посочи Октај.
Тој истакна дека очекува странските инвеститори Турција повеќе да не ја гледаат како земја за производство на лиценцирани производи од други земји, туку како земја која го води целиот процес, од развој на лекови до фаза на патентирање, и додаде: „Фотографијата пред нас покажува дека услов за напредок е да го развиеме локалниот и националниот сектор за лекови. Императив за ова прашање е да ја провериме организацијата на ова поле и да обезбедиме секој да си го извршува својот дел од работата.“
Посочувајќи дека е потребно забрзано да се развиваат студии во повеќе области, особено на полињата како што се нови молекули за лекови, лекови за карцином, генетска терапија, терапија со матични клетки, вештачки органи и решенија за вештачка интелигенција во здравството, Октај изјави:
„Епидемијата на коронавирусот кој го зафати целиот свет уште еднаш ја покажа важноста на ваквите студии и потребата да се биде подготвен од секаков вид закани. Во земјата треба да обезбедиме малите биотехнолошки претпријатија кои можат, бргу да се трансформираат во иновативното производство и да станат широкораспространети во земјата. Потребно е да ги зацврстиме стотината биотехнолошки претпријатија кои опстојуваат во Турција, и со цел да го постигнат посакуваното ниво и да започнат со извоз на производи, треба да се воспостави соработка на полето јавен сектор - приватен сектор. Искрено верувам дека организацијата на БИО Турција, зближувајќи ги заинтетресираните страни, ќе биде предводник на целиот тој процес.“
Потпретседателот Октај ги покани сите научници од Турција и од светот, биопретприемачи, невладини организации и универзитети да дадат поддршка на Турција во националниот биотехнолошки чекор, посочувајќи дека државата за зацврстување на биотехнолошкиот екосистем на Турција, „под каменот нема да ги стави само рацете, туку целото тело“, а за таа цел се планира, откако во текот на годинава ќе биде донесен Стратешкиот акционен план, да биде спроведен во реалност.
news_share_descriptionsubscription_contact
