Турција

Турскиот министер Акар: „Патролите продолжуваат во рамките на нашиот договор со Русија“

„Патролите продолжуваат во рамките на нашиот договор со Русија. Освен тоа, имаме одредени тешкотии. Тие тешкотии се обидуваме да ги решиме со повторно преговарање со Русија.“

Ekipa  | 19.11.2019 - Обновена : 20.11.2019
Турскиот министер Акар: „Патролите продолжуваат во рамките на нашиот договор со Русија“

АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, истакна дека патролите со Русија во Сирија продолжуваат во рамките на договорот и дека имаат одредени тешкотии, но се обидуваат да ги решат со повторно преговарање со Русија, пренесува Агенција Анадолија (AA).   

Министерот за одбрана, Акар, во Големото народно собрание на Турција присуствува на состанокот на парламентарната група на АК Партијата, а пред новинарите одговараше на прашања.

Во врска со новинарско прашање за тоа дека терористичката организација ЈПГ/ПКК фрла со Молотови коктели врз руските воени возила, кои изведуваат заеднички патроли со турските војници, нагласи: „Патролите продолжуваат во рамките на нашиот договор со Русија. Освен тоа, имаме одредени тешкотии. Тие тешкотии се обидуваме да ги решиме со повторно преговарање со Русија.“

Тој наведе дека се преземени неопходните мерки на самото место.

„Се обидуваме дополнителните мерки да ги преземеме преку преговарање со Русија. Сето тоа ќе биде решено.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın