Elena Teslova
19 Ноември 2019•Ажурирај: 21 Ноември 2019
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за надворешни работи упати критики во врска со одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за легитимизирање на нелегалните еврејски населби во окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Потегот на САД ја поткопува меѓународната основа на палестинско-израелските населби и ќе ја ескалира состојбата на Блискиот Исток“, пишува во соопштението на Министерството објавено на официјалната веб-страница.
„Ја гледаме одлуката на Вашингтон како уште еден чекор насочен кон прекршување на меѓународната правна рамка за населбите на Блискиот Исток, што ќе ја влоши веќе тензичната состојба во палестинско-израелските односи“, велат од Министерството.
„Москва ја поддржува Резолуцијата 2334 на Советот за безбедност на ОН, според која, градењето населби од страна на Израел на палестинската територија окупирана од 1967 година, вклучително и Источен Ерусалим, нема правна сила“, соопшти Министерството.
„Тоа е кршење на меѓународното право и една од главните пречки за постигнување на палестинско-израелски договор заснован врз принципот на две држави, како и воспоставување на праведен, траен и сеопфатен мир на Блискиот Исток“, соопшти Министерството.
Москва ги повика Израел и Палестина да се воздржат од чекори што можат дополнително да ја ескалираат состојбата и да спречат започнување на преговарачки процес.
Соединетите Американски Држави (САД) вчера го променија својот став во врска со израелските населби изградени на окупираниот Западен Брег, дека повеќе нема да ги сметаат за нелегални.
Овој потег најверојатно ќе ги налути палестинските функционери, кои ја одбија улогата на САД како медијатор во какви било потенцијални мировни преговори со Израел поради одлуката на администрацијата на Трамп во 2017 година за еднострано признавање на Ерусалим како главен град на Израел.