Amina Zorniç
05 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
КИЕВ (АА) - Киев беше домаќин на меѓународната трка "Color Run", која веќе неколку години се одржува во земјите низ светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Учество во трката, чија главна карактеристика е боење на учесниците со бои од органско потекло, земаа околу 2.000 луѓе од сите возрасти.
Во добрата атмосфера на улиците уживаа и домашните миленичиња, исто така, обоени со бои.
Трката се карактеризира со непрогласување на победник и со изоставување на доделување медали затоа што сите учесници се сметаат за победници.
Првата ваква трка се одржа во јануари 2012 година во САД, Аризона, а денес се одржува во стотици градови низ Северна и Јужна Америка, Европа, Азија, Нов Зеланд, Австралија и Обединетите Арапски Емирати, во над 200 градови и 40 земји, секоја година.