Hakan Ceyhan Aydoğan
22 Март 2016•Ажурирај: 23 Март 2016
МОСКВА (АА) - Судот во рускиот град Донецк, во регионот Ростов, ѝ изрече казна затвор во траење од 22 години на украинскaта пилотка Надежда Савченко, која беше прогласена за виновна за смртта на двајца руски новинари во кризата во источна Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Изречена ѝ е и парична казна во износ од 30.000 рубљи (395 евра) поради нелегално минување на руската граница.
Савченко беше уапсена во јуни 2014 година, по обвиненијата дека е вмешана во убиството на двајца новинари и неколку цивили како волонтер во украинскиот баталјон, додека таа во текот на судењето повторуваше дека е невина и дека како украински службеник има право да ја брани својата татковина.
Украинската влада протестираше против нејзиното апсење, САД и ЕУ ја повика Москва веднаш да ја ослободи.
Савченко е и претставник на украинскиот парламент Врховната Рада, а за време на неодамнешното доделување на највисокиот државен орден, украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека Савченко стана симбол на Украина.