Hasan Tosun
30 Април 2016•Ажурирај: 30 Април 2016
ВИЕНА (AA) – Специјалниот претставик на ОБСЕ во Украина Мартина Сајдик изјави дека е направена спогодба за примирјето во Украина по повод Велигден кој оваа година се одбележува на 1-ви мај, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во пишаната изјава на Сајдика е наведено дека е одржан состанок на трилатерална контактна група во Минск, а договорено е и воспоставување на примирјето по повод празикот Велигден.
Според договорот на трилатералната контактна група, која ја сочинуваат Русија, Украина, САД и ОБСЕ, примирјето ќе настапи вечерва во полноќ, односно во ноќта помеѓу 30-ти април и 1- ви мај.
Преседавачот на ОБСЕ и министерот за надворешни работи на Германија Франк Штајнмајер изрази задоволство поради ваков договор.
"Во текот на последните денови зголемен е бројот на кршења на Договорот од Минск. Сега имаме прилика за намалување на насилството. Двете страни мораат да ја искористат оваа прилика. Не смеат да дозволат ситуаијата повторно да избега од контрола и да умираат луѓе", рече Штајнмајер.