БЕЛГРАД (АА) - Пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК), лидерите на опозицијата одржаа протест со кој сакаа да укажат на изборната кражба и малверзација со гласовите на граѓаните на парламентарните избори одржани на 24- април, јавува Anadolu Agency.
На протестот се собраа повеќе од илјада луѓе, а по протестите мирно се разотидоа, без ниеден инцидент, освен што поради бројноста на луѓето, за време на митингот беше стопиран сообраќајот.
На насобраните прва им се обрати Санда Рашковиќ Ивиќ, претседателката на Демократската партија на Србија (ДСС), која се заблагодари на сите што дошле да се борат за гласот на секој граѓанин, па додаде:
„Тој (Александар Вучиќ) сака да каже дека ние сме хулигани кои ја дестабилизираат оваа држава, а уствари оној кој краде и ги лажира изборите е тој кој ја детастабилизира државата, тој кој на Србија не и мисли добро... Тука се собравме да ја одбраниме слободата, правдата, слободна Србија, да ја одбраниме волјата на граѓаните на Србија, да не се случи полека, чекор по чекор, Србија да стане Северна Кореја. Тоа несмееме да го дозволиме", истакна Рашковиќ Ивиќ
Лидерот на движењето „Доста беше" и поранешниот министер во Владата на Вучиќ, Саша Радуловиќ, на почетокот на своето обраќање изјави дека прва порака и работа која треба да се сфати е тоа дека Александар Вучиќ е најголем губитник на овие парламентарни избори
„И покрај тоа што имаше десет пати повеќе пари од сите нас заедно во оваа кампања и покрај медиумскиот мрак и армијата, луѓето кои ги шиканираа граѓаните на Србија, ги посетуваа на изборниот ден, со сила ги водеа на гласање, тој претрпе изборен пораз. Ја прошири својата коалиција и на овие избори СНС освои 36 отсто од гласовите а неговите коалициски патнери остатокот. Кога ќе го погледнете составот на Собранието денес, СНС од 128 пратеници падна на 98. Овој е тој изборен пораз кој тој се обидува да го сокрие", изјави Радуловиќ.
Тој ги повика сите во среда да се придружат повторно одржаните избори на 15 бирачки места, да можат заедно со нив да ги надгледуваат изборите, со цел да ја спречат атмосферата на страв и да им дозволат на граѓаните да ја изразат своја слободна волја.
Претседателот на Либерално-демократската партија, Чедомир Јовановиќ, прво ги потсети сите дека во недела се гласало за земја во која нема да се живее се додека не се отиде, во земја во која децата ќе растат покрај своите родители, а не на земја од која децата ќе заминуваат.
„Гласавме за слободна, демократска и толерантна Србија. Оваа борба е за тоа, а не за промили и проценти и борба за нашите мандати во Собранието. Вуќиќ сфати! Ако ги дигнеме рацете од тоа, Собранието веќе и не ни треба, ќе ја изгубиме својата земја", нагласи Јовановиќ.
„Што е тогаш вредно за овој наш собир? Србија во која не сакаме да живееме, Србија која ја немаме денес. Неа мораме да ја створиме. Да бидеме различни, а да се почитуваме меѓусебно", истакна Јовановиќ и додаде:
„Вучиќ вели дека не се плаши од нас. Доколку беше разумен би се радувал на народот кој има цел пред себе, кој е поголем од било која партија, идеологија или мандат. Она што сами на себе го сторивме, никогаш никој друг не ни го сторил, никој повеќе Србите од Косово не ги посрамотил, од оние кои нивната изборна волја ја покрадоа", од недела до денес.
„Причината поради која сме денес овде е да го одбраниме гласот на секој граѓанин. Без слободен граѓанин и негов глас нема демократија, без демократија нема економски развој, без економски развој нема среќа за никој, нема ни човекови права, ни одбрана на национални интереси, ни право на секој млад човек во оваа земја", изјави Борис Тадиќ, претседателот на Социјалдемократската партија.
Претседателот на движењето „Двери", Бошко Обрадовиќ изјави дека „ во име од сите опозициски барања на оставката на Деја Џурџевиќ, претседателот на Републичката изборна комисија и Младин Ковачевиќ, директорот на Заводот за статистика".
„Нашата заедничка порака е иста: нема Српската напредна партија да ги одредува резултатите од изборите во Србија, туку граѓаните на Србија", заклучи Обрадовиќ.
„Тука се работи за слобода. Ако еден единствен човек не е слободен никој не е слободен. Ако еден единствен глас е украден, тогаш нема ни правна држава ни легитимни власти", изјави претседателот на Демократската странка Бојан Пајтиќ и и порача на Српската напредна партија дека цензусот на изборите го поминала и коалицијата ДСС-Двери и сите други странки кои денес се на протест, како што граѓаните го посакуваа тоа.
Тој додаде дека кога во неделата навечер пристигнале резултати кои не се поклопувале со она што е реална состојба на теренот и од бирачките места.
„Тогаш го сторивме она што диктатoрот не го очекуваше. Ги повикав по телефон сите овие луѓе, се собравме и дојдовме во РИК да се бориме за секој ваш глас", изјави Пајтиќ
Да се потсетиме, според податоците на Републичката изборна комисија, на основа 99,82 отсто од обраотените бирачки места, Собранието на Србија ќе се состои од пратеници од коалицијата околу СНС, со 48,24 отсто од гласовите, коалицијата СПС ЈС со 10,96 отсто, ДС 6,03, Доста беше 6,03, па коалцијата СДС ЛДП ЛСВ со 5,01 освоени гласови, додека коалицијата ДСС Двери сег има 4,99 отсто, што е под цензусот кој изнесува 5 отсто.
На 15 бирачки места распишано е повторување на изборите, а закажано е за во среда 4ти мај.