Ali Cura
14 Мај 2017•Ажурирај: 15 Мај 2017
КИЕВ (АА) - Оваа година во Киев, главниот град на Украина, се одржа 62. натпреварување за „Песна на Евровизија“. Победник е португалскиот претставник Салвадор Добрал со песната „Amar Pelos Dois” (Љубов за двајца), јавува Anadolu Agency (AA).
Ова натпреварување се одржа во Меѓународниот саемски центар во Киев под мотото „Славење на различноста”. Во финалната вечер учествуваа 26 земји, од кои победник е португалскиот претставник Собрал со песната Љубов за двајца, која освои 758 поени.
Бугарскиот преставник Кристијан Костов со песната „Beautiful Mess” (Прекрасен хаос), е второпласиран, освојувајќи 615 поени, додека третоплаирана е музичката група од Молдавија со песната „Hey Mammа”, освојувајќи 374 поени.
За време на евровизиската ноќ, пред публиката во саемскиот центар своја изведба имаше и минатогодишната победничка на „Евровизија“ Џамала, и Руслана која победи на 49. евровизиско натпреварување во 2004 година.