Erbil Başay
06 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
БЕРЛИН (АА) - Германскиот претседател Јоахим Гаук (76) потврди денес дека нема да се кандидира за втор мандат во 2017 година, бидејќи, како што рече, ќе биде многу стар за оваа функција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Гаук во обраќањето на медиумите во Берлин соопшти дека наскоро ќе го заврши својот петгодишен мандат, но не се чувствува подготвен за вториот бидејќи, како што рече, годините помеѓу 77 и 82 се различни во однос на оние што ги има во моментот.
„Тоа не беше лесна одлука. До крајот на мандатот, должностите ќе ги извршувам сериозно и со задоволство”, рече Гаук.
Претседателот на Германија не се избира посредно, туку го избира комитет составен од членови на Бундестагот и еднаков број на делегати од парламентите на сојузните држави. Претседателот претежно има церемонијална улога и мала извршна власт, но се смета како важен морален авторитет.
Јоахим Гаук беше избран во 2012 година од 12 состави на т.н. Бундесверсамлунг а неговото кандидирање за втор мандат, според последните анкети, го поддржува околу 70 отсто од членовите на комитетот.
Новиот претседател на Германија ќе се избира во февруари следната година.