ВИЕНА (АА)- Под покровителство на Претседателот во партнерство со Анадолу Агенцијата за глобална комуникација, во Виена, Австрија, за љубителите на уметноста беше отворена изложбата по наслов “Матракчи Насух од 16ти век“, јавува Anadoly Agency (AA).
Изложбата која претставува проект на Здружението за меѓукултурен дијалог во уметноста од Истанбул (ИКАСД), беше свечено отворена во Музејот на историја на уметност во Виена, каде како домаќини беа претставени Амбасадата на Република Турција во Виена и Институтот „Јунуз Емре” во Виена.
На свеченото отворање, архитектот Синан Геним оствари кратко обраќање на тема “Матракчи Насух и неговите мапи“. Тој го претстави Матракчи Насух, чие вистинско име е Насух бин Караѓоз бин Абдуллах ел-Боснави, како минијатурист, калиграф, историчар и математичар, кој имал босанско потекло и живеел во Ендерун. Според исказот на Геним, Насух привлекол внимание уште на негова мала возраст кога започнал да пишува математички книги, и притоа бил забележан од Султанот Сулејман, кого подоцна го придружувал на секое патување, каде ги создавал минијатурите од посетените тврдини и палати. Насух починал на 70-годишна возраст.
Директорот на Институтот „ Јунуз Емре” во Виена, Мевлут Булут, истакна дека му претставува особена чест што делата на Матракчи Насух од 16-тиот век се изложени во европскиот главен град на културата, Виена.
Кураторот Бесте Гурсу, за проектот кој е во рамките на меѓународната платформа на Турција за култура и уметност, изјави дека е остварен и подготвен од страна на 12 жени уметници, кои биле инспирирани од делата на Насух. Првата изложба во рамките на овој проект била остварена во родната земја на Насух, Босна, а истиот ќе биде финализиран на крајот на 2016 година со екранизација на документарен филм.
Амбасадорот на Турција во Виена, Хасан Догуш, го опиша Матракчи Насух како уметник и научник истовремено.
„Матракчи Насух, како личност кој живеел во османлискиот период, претставува извор за мотивација на современите уметници и истиот има свој важен придонес во светското културно наследство“, додаде тој.
После одржаните воведни говори, Заедницата за примена и истражување на турската музика од Истанбул при Генералниот директорат за ликовни уметности , во рамките на Министерството за култура и туризам на Република Турција, се претстави со свој концерт под наслов „Музиката на 16-ти век”, кој беше проследен со бурен аплауз од присутните.
На свеченото отворање на изложбата, заедно со останатите турски и австриски љубители на уметноста, присуствуваа и постојаниот претставник на Турција за ОН во Виена, амбасадорката Емине Бирнур Фертеклигил, првиот секретар на Амбасадата во Виена, Али Каан Орбај, и генералниот конзул во Виена, Тајар Каган Атај.
Амбасадорот Ѓогуш, ја разгледа изложбата во придружба на кураторот Бесте Ѓурсу и уметниците за керамика. Изложените минијатури и дела од керамика, инспирирани од творештвото на Матракчи Насух, привлекоа огромен интерес од турските и австриските љубители на уметноста.
На изложбата е изложено вкупно 41 дело, потоа керамички изработки, минијатури и мапи на Матракчи Насух, кои биле подготвени под водството на кураторот Бесте Ѓурсу, и уметничката за керамика, Севим Ерсој. Насух, кој своевремено бил израснат и образуван во Ендерунското училиште, имал голем број на заслуги и таленти во низа области како што се: математиката, мечувањето, литературата, филозофијата, историјата, калиографијата, изработката на минијатури итн.
По реализираните изложби во Сараево, Белград, Анталија и Истанбул, изложбата во Виена ќе биде отворена за посетителите до 12-ти јуни.
Проектот, кој ќе биде изложен на три континенти, девет држави и 10 града, по Виена ќе им биде претставен и на љубителите на уметноста во Будимпешта, Рим, Париз, Вашингтон, Токио и Анкара.
Боснави, попознат како Матракчи Насух, по повод одбележувањето на 450 години од неговата смрт, беше вметнат на листата на УНЕСКО за сеќавања и чествување.