Behlül Çetinkaya
16 Мај 2018•Ажурирај: 17 Мај 2018
ИСЛАМАБАД (AA) - Бехлул Четинкаја -
Самоса, која е можно да се пронајде на улиците во Пакистан, е едно од најчестите традиционални јадења во текот на месецот на постот, Рамазан, пишува Anadolu Agency (AA).
На речиси секое ќоше во Исламабад можно е да се видат продавачите кои на купувачите им нудат, како што истакнуваат, врвна самоса. Самоса е јадење кое човекот го држи сит и му дава енергија, поради што многумина луѓе кои постат, ова јадење го сметаат за вистински избор.

Полнењето е различно, но најчесто е од компир и од месо.
„Дневно обично продавам помеѓу 1.500 и 2.000 парчиња, но таа бројка во текот на рамазанските денови е поголема и од 3.000“, рече уличниот продавач Мухамед Ријаз.
Тој работи напорно за да бидат самосите подготвени за сехур и ифтар, а според неговите зборови најголем метеж има токму пред ифтар, бидејќи луѓето сакаат топла храна на трпезата.

На софрите во текот на Рамазан често е можно да се види и пакора (јадење од зеленчук), бирјани (јадење од ориз со додатоци и зачини) ѓул-шербе (сок од ружа) ...
Се претпоставува дека самосата потекнува од природата пред новата ера.
Самоса често се консумира во земјите на Јужна Азија, но можно е да се најде во сите делови на светот, а многумина Кенијци самосата, која ја нарекуваат „самбуса“, ја јадат со чај.