Gamze Türkoğlu Oğuz
16 Мај 2018•Ажурирај: 17 Мај 2018
ЖЕНЕВА (AA) - Синиот дијамант, кој три века беше во сопственост на елитата во Европа, беше продаден на аукција во Женева за 6,7 милиони долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Би-би-си (BBC) јавува дека дијамантот бил свадбен подарок на Изабели де Фарнезио, ќерката на војводата од Парма, Едуардо Втори, кога во 1775 година се омажила за шпанскиот крал Фелипе V.
Дијамантот од 6,1 карати беше во сопственост на шпанската, француската, италијанската и австриската елита, а информациите за идентитетот на купувачот на аукцијата во Женева не беа објавени.