Furkan Naci Top
28 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
АТИНА (АА) - На отворањето на 6. Советодавен форум на Европската агенција за поддршка на азилот, во Атина, Грција, зборуваше Димитрис Аврамопулос, одговорен членот на европската комисија за миграции, внатрешни работи и државјанства, кој даде процена за бегалската криза во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Аврамопулос нагласи дека сѐ уште не е завршена бегалската криза: „Состојба со бегалците во Европа сѐ уште е во крах, но се подобрува. Додека во март, во еден ден пристигаа околу 10 илјади бегалци, сега тој број е намален под 100“.
Тој рече дека во минатите месеци, околу 8 илјади бегалци од Италија и од Грција преминале во другите европски држави и упати апел до тие држави да си стојат на дадениот збор и да го зголемат капацитетот на примени бегалци.
Тој исто така побара да се зголеми бројот на експерти од државите-членки на ЕУ во рамките на Европската агенција за поддршка на азилот, и побрзо решавање на барањата за азил.
Аврамопулос исто така изјави дека договорот за бегалците меѓу Турција и ЕУ функционира и нагласи: „Мораме да дадеме сѐ од себе за овој договор да продолжи да функционира. Ова е наш приоритет и стоиме зад него“.
- „Имаме и план Б, Ц и Д“
Од друга страна, на прес-конференцијата говореше и директорот на Европската агенција за поддршка на азилот, Хозе Кареира, кој рече дека планираат да го зголемат бројот на експерти за азил на грчките острови.
Тој нагласи дека поголемиот дел од договорот Турција-ЕУ е исполнет и додаде: „И покрај тоа што постојат некои проблеми, не можеме да кажеме дека договорот не функционира“.
На прашањето дали постои план Б во случај да се зголеми бројот на бегалците, Кареира рече: „Ова може да се случи и утре. Бидете сигурни дека имаме и план Б, Ц и Д. Ги следиме случувањата. Но, моментално не станува збор за тоа. Односите со Турција во таа насока се позитивни, не е ништо променето. Да се надеваме да не се случи спротивното“.