Selen Temizer,Halit Süleyman,Levent Tok,Mohamad Misto
28 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
АЛЕПО (AA) – Во нападите на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и шиитската милиција која ја поддржува Иран, а кои се изведени на истокот на Алепо, бројката на убиените цивили е зголемена на 613, а околу 300.000 цивили се наоѓаат на подрачјето со големина од 30 километри квадратни, јавуваa Anadolu Agency (AA).
Режимските сили и шиитската милиција веќе 13 дена изведуваат напади од воздух и од копно на населбите на истокот на Алепо, кои се наоѓаат под контрола на опозицијата.
Ибрахим Ебу Лејс, од цивилната заштита во Алепо, за АА рече дека од сабота до денес се убиени 105 цивили, како и дека бројката е зголемена од 508 на 613.
АА од командата на опозицијата во источен Алепо дознава дека силите на опозицијата се повлекоа од северните делови од подрачјата кои ги контролираа. На тој начин режимските сили воспоставија контрола над населбите Сахур,Шеик Фарис и Шеик Хидир.
Опозициските сили во судирите во текот на викендот се повлекоа од населбите Ханано, Џебел Бедро, Бадин, Ајн ел-Тел и Ард ел-Хамр, источно од центарот на градот.
Покрај тоа војската на Асад и шиитската милиција воспоставија контрола над населбите Инзарат и Хајдарије.
Исто така, сирискиот огранок на терористичката огганизација ПКК, ПЈД, воспостави контрола над јужниот дел на населбата Бустан и Хулук. Во преостанатиот дел од населбата Хулук влегоа режимските сили.
Опозициските сили на 15 ноември, денот кога почнаа интензивираните напади го контролираа подрачјето од 45 квадратни километри, за да во последните три дена загубат 15 квадратни километри.
„Вчера беше најлошиот ден во историјата на Алепо. Немаше населба која не беше бомбардирана. Илјадници семејства од населбата на североистокот кои се под контрола на режимот мигрираа во западните подрачја. Семејствата кои бегаат од куќите без било што во рацете, останаа на улица", рече Ебу Лејс.
Според неговите зборорви во понеделник, од раните утрниски часови, изведени се повеќе од 200 напади и дека многу семејства се наоѓаат под урнатините до кои дојде во текот на нападот на Калесе и Селахадин.
По Дамаск, Алепо е вториот голем град во Сирија. Центарот на градот е одалечен 40 километри од турската граница. Западот на центарот го контролира режимот, а истокот опозицијата.
Поради режимските напади во последните две недели, ниту една болница ниту медицински центар не пружаат здравствени услуги. Во градот работат три пекари. Покрај тоа сите школи на тоа подрачје се затворени.