Serdar Açıl
18 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
АНКАРА (АА) - Заменикот на премиерот на Турција Нуман Куртулмуш изјави дека неговата земја нема да го прифати извештајот за напредокот кон членството на Европската унија доколку извештајот содржи наводи за ерменското прашање, тргнување на ПКК од листата на терористичките организации или прекин на преговорите односно суспендирање на ЕУ фондовите кон Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
"Имаме три црвени линии. Нема да го прифатиме извештајот на ЕУ доколку се зборува за геноцидот над Ерменците во врска со настаните од 1915 година, доколку стане збор за тргнување на ПКК од листата на терориситчките организации, а трето е суспендирање на преговорите или замрзнување на ЕУ фондовите на Турција.Тие три работи не можеме да ги прифатиме", рече Куртулмуш, заменик на премиерот и портпарол на Владата на Република Турција.