Yunus Girgin
20 Ноември 2020•Ажурирај: 21 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Во Турција во октомври беа отворени вкупно 10.260 нови компании, што е 22,84 отсто повеќе на годишно ниво, соопшти денеска главното трговско тело на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Унијата на стопански комори и берзи на Република Турција (TOBB), во земјата во октомври се отворени 3,23 отсто помалку компании во однос на претходниот месец.
Во октомври престанаа со работа вкупно 1.261 компанија, што е повеќе за 5,17 отсто во однос на истиот период минатата година.
Податоците на TOББ покажуваат дека во октомври се основани околу 1.123 претпријатија со странски партнери и дека се отворени и 159 задруги.
Бројот на нови компании отворени во Турција во првите 10 месеци оваа година изнесуваше 84.172, што е пораст од 22,84 отсто во однос на минатата година.
Во истиот период се затворени околу 11.390 фирми, што е повеќе за 10,15 отсто во однос на истиот период минатата година.