Zeynep Canlı
20 Ноември 2020•Ажурирај: 22 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за трезор и финансии на Турција, Лутфи Елван, истакна дека Централната банка на Турција соопшти дека зголемувајќи ја транспарентноста и предвидливоста, ќе прифати рамка на едноставна монетарна политика, јавува Агенција Анадолија (АА).
Елван преку соопштение нагласи дека главната цел на економските политики е зголемување на општествената благосостојба, додека според него, општествената благосостојба вклучува зголемување на вработувањето, праведна распределба на приходите и одржлив раст.
Тој рече дека прелиминарниот услов за тоа е макроекономската стабилност, и дека главната цел на турската Централна банка е осигурување и одржување на стабилноста на цените.
Елван истакна дека Централната банка е одговорна за определување и спроведување на политиките и алатките кои ќе обезбедат стабилност на цените.
„Без сомнение, стабилноста на цените преку зголемување на предвидливоста во економијата дава придонес во зголемување на одржливиот раст и општествената благосостојба“, рече Елван.
„Централната банка на 19 ноември изврши јасно и цврсто монетарно затегнување, и соопшти дека зголемувајќи ја транспарентноста и предвидливоста, ќе прифати рамка на едноставна монетарна политика“, додаде тој.
„Осигурување на макроекономската стабилност, која вклучува стабилност на цените, е важен предуслов за одржлив раст и општествена благосостојба. Ќе ги зајакнуваме административниот капацитет на сите, а особено на финансиските институции, зголемувајќи ги нивните оперативни надлежности,“ порача турскиот министер за финансии и трезор.