економија

Бакнротираа два британски гиганти за малопродожба

Двата трговски ланци имаат вкупно 500 продавници и 4.750 вработени низ Велика Британија

Gökhan Kurtaran  | 20.11.2020 - Обновена : 23.11.2020
Бакнротираа два британски гиганти за малопродожба

ЛОНДОН (АА) – Банкротираа Пикокс и Џегер, едни од водечките трговски ланци во Велика Британија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Групацијата „Единбург Вулен Мил“, поврзана со познатите ланци за трговија со облека се истакнува дека двете компании прогласиле банкрот поради недостаток на купувачи.

Двата трговски ланци имаат вкупно 500 продавници и 4.750 вработени низ Велика Британија.

„Во последните неколку недели водевме конструктивни преговори со голем број потенцијални купувачи за продажба на ланците Пикокс и Џегер. Но, поради епидемијата и вториот карантин преговорите станаа долги и посложени“, се вели во соопштението на Групацијата.

Во Велика Британија, каде се регистрирани најмногу смртни случаи од Ковид-19 во Европа, мерката карантин започна на 5 ноември. Сите бизниси беа затворени освен маркетите каде се продаваат основните производи и аптеките. Исто така, излегувањето на улица е ограничено.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.