Турција, економија

Турската министерка Пекџан: „Турција може да ја искористи можноста за промена на синџирите на снабдување“

„Веруваме дека можеме да станеме глобален влијателен актер во глобалните синџири на вредност и да го продолжиме нашиот пат посилни со искористување на нови можности во инвестицијата и трговијата“

Gökhan Ergöçün  | 23.11.2020 - Обновена : 24.11.2020
Турската министерка Пекџан: „Турција може да ја искористи можноста за промена на синџирите на снабдување“ Фото: Raşit Aydoğan /AA

АНКАРА (АА) - Турската министерка за трговија, Рухсар Пекџан, изјави дека Турција има потенцијал да ги искористи можностите што произлегуваат од промената на глобалните синџири за набавка поради пандемијата на новиот тип коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Веруваме дека можеме да станеме глобален влијателен актер во глобалните синџири на вредност и да го продолжиме нашиот пат посилни со искористување на нови можности во инвестицијата и трговијата“, изјави Пекџан за време на дискусиите за буџетот во турскиот Парламент.

Пандемијата на Ковид-19, кој за прв пат беше детектиран во Кина минатиот декември, покажа дека зависноста од еден снабдувач, како што е Кина, претставува ризик.

Експертите сметаат дека Турција, со нејзината квалификувана работна сила, стратешка локација и силна инфраструктура, е примарен кандидат да биде голем снабдувач, особено во нејзиниот регион, вклучувајќи ги Блискиот Исток и Европа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.