Турција

Турски брод запрен и бесправно претресен во Источниот Медитеран

Станува збор за бродот „РОСЕЛИНА-А “ кој под турско знаме исплови од Истанбул и кон Либија пренесува хуманитарна помош

Sarp Özer  | 23.11.2020 - Обновена : 24.11.2020
Турски брод запрен и бесправно претресен во Источниот Медитеран

АНКАРА (АА) - Германска фрегата под команда на Грција во рамките на операцијата „Ирини“ во Источниот Медитеран, спротивно на меѓународното право, го запре и со часови го претресуваше бродот кој од Турција во Либија превезувал различен вид стока, јавува Агенција Анадолија (АА).

Станува збор за бродот „РОСЕЛИНА-А“ кој под турско знаме исплови од Истанбул и кон Либија пренесува хуманитарна помош.

                    

Германската фрегата под команда на грчката морнарица, синоќа, кршејќи го меѓународното право, го запре бродот југозападно од Пелопонез.

Според меѓународното поморско право, качување на персонал и претрес на пловила може да се изврши исклучиво со согласност на земјата под чие знаме плови бродот. Без таква согласност на Турција, фрегатата од Хамбург од хеликоптер се спушти на бродот.

Персоналот на бродот „РОСЕЛИНА-А“ со мобилни телефони го снимаше целиот тој инцидент.

Без одобрение на Турција и кршејќи ги сите важечки меѓународни норми и прописи, војниците го блокираа патот на турскиот брод и до раните утрински часови вршеа претрес на контејнерите со стока.

Сфаќајќи дека контејнерите содржат исклучиво хуманитарна помош во храна и друга стока, војниците го напуштија бродот што пловеше под турско знаме.

- Најавено покренување постапки пред меѓународните институции -

Бродот со хуманитарна помош од Турција го продолжи пловењето кон либиското пристаниште во Мисрата, а турските власти најавија дека поради инцидентите ќе покренат постапки пред релевантните меѓународни институции.

Неименувани безбедносни извори тврдат дека влегувањето на персоналот од операцијата „Ирини“ на бродот „РОСЕЛИНА-А“ без согласност на Турција претставува јасно кршење на меѓународното право.

Истите извори тврдат дека поради скандалозното запирање, бродот бил принуден со часови да стои при тешки услови на море и дека е прекршен и принципот на слобода на отворено море.

- Контраверзната операција „Ирини“ -

Европската Унија (ЕУ) операцијата „Ирини“ ја покрена со цел набљудување на почитувањето на ембаргото на ОН за увоз на оружјето во Либија во Медитеранот.

Операцијата нема согласност, ниту во неа учествува меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија, а што е нужно во согласност со одлуката 2291 на Советот за безбедност на ОН. Поради тоа операцијата привлекува сè повеќе критики како пристрасна и незаконска операција.

Некои земји се противат на операцијата и се повлекуваат од неа, додека некои земји членки на ЕУ тоа не го прават бидејќи не сакаат да го загрозат својот пристап на европските финансиски фондови.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.