Dilan Pamuk
23 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
АГРИ (АА) - Сириец, кој мигрирал во Турција со своето семејство пред две години, ги освојува срцата помагајќи им на луѓето во неволја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ала Един Дарвиш (23) бил во затвор како политички затвореник во Сирија, земја во која владее граѓанска војна од 2011 година.
Кога силниот земјотрес ја потресе турската егејска област Измир минатиот месец, Дарвиш им се придружи на спасувачките тимови како доброволец и помогна да се извлечат многу луѓе од под урнатините.
Вели дека ова е неговиот начин да им се оддолжи на жителите на Турција за љубезноста и грижата што му ја дале во периодот кога тој бил во мака.
„Јас живеам слободно и живеам како човечко битие во Турција. Луѓето тука се многу добри“, рече тој.
Дарвиш, исто така, отиде да им помогне на жителите на Елазиг, источна област во Турција, по земјотресот што го погоди регионот во јануари.
Тој студира новинарство и сака активно да се занимава со таа професија.
„Работев како фриленсер за меѓународни агенции за да ги покажам пред светот злосторствата на режимот на Башар ал Асад“.
Тој, исто така, сака да служи во турската Војска откако ќе стане турски државјанин.
„Откако ќе станам државјанин, ќе го сменам своето име во Умут, што на турски значи „надеж“, рече тој.