Ekip
22 Ноември 2020•Ажурирај: 22 Ноември 2020
АНКАРА
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача дека Турција себеси се смета за неразделив дел на Европа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган преку видеоконференција се обрати на 7. редовен Конгрес на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) за градовите Испарта, Бурдур, Гумушхане, Кастамногу и Синоп.
„Ние сме народ кој илјадници години чувал цврсти врски со Истокот и секогаш бил свртен кон Западот“, порача Ердоган и додаде: „На широкото географско подрачје оставивме почест како претставници на праведноста, со векови бевме врска на различните култури и цивилизации.“
Подвлече дека, исто така, Османиската Држава, и кога ќе се изземе периодот пред тоа, во Европа има свое минато од 600 години.
„Ние и денес себеси се сметаме за неразделив дел од Европа. Секогаш бевме најсилна членка на западните сојузи, посебно на НАТО. Сè додека не нè примораат да трагаме по други места, нашиот избор секогаш бил Западот, од одбрана до трговија“, порача Ердоган.
Сепак, како што подвлече, тоа не значи дека Турција ќе ја спушти главата пред отворените напади врз земјата и нејзиниот народ, неправдите под различни маски и двојните стандарди.
„И покрај сè, веруваме дека немаме проблем со ниту една земја ниту институција што не е можно да се реши со политика, дијалог и преговори. Поради тоа, ја повикувам ЕУ да ги исполни своите ветувања, од полноправното членство до прашањето за бегалците. Овозможете ни заедно да воспоставиме поблиска и поефикасна соработка“, порача турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.